Белградски Партизан загуби од Реал Мадрид на домашен терен (85-78), а тоа значи дека „мајсторка“ ќе одлучува за тоа кој ќе игра за фајналфор турнирот во Евролигата.
„Црно-белите“ се вратија во Белград со водство од 2-0, но на домашен терен ги загубија двата натпревар, па сега ќе мора по третпат да слават во Мадрид ако сакаат да го задржат сонот за пехар во ова натпреварување. Тренерот Жељко Обрадовиќ веднаш посочи каде го загубиле натпреварот, односно според него клучниот момент е офанзивниот скок и кош на центарот Таварес кога се кршеше резултатот во последната четвртина.
-Еден скок го реши натпреварот. Еден скок! Не игравме паметно, не знам зошто. Мораме нешто да промениме, се надевам тоа ќе го направиме до петтиот натпревар и ќе сфатиме зошто не одигравме паметно, -порача Жељко во првата реакција.
Клучната пресметка меѓу овие две екипи е закажана за 10 мај во Шпанија.