сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Одложено дербито помеѓу МЗТ Скопје и Пелистер

Одложено дербито помеѓу МЗТ Скопје и Пелистер

Освен дуелот меѓу Вардар и Куманово, во рамките на последното коло од основниот дел во Првата македонска лига нема да се игра и натпреварот меѓу МЗТ Скопје и Пелистер.

Овој меч беше закажан за утре од 19 часот, во „Јане Сандански“ , но е одложен поради позитивни случаи на корона во клубот од Аеродром.

Досега се пријавени двајца, еден член на стручниот штаб и еден играч, но можно е претстојните денови оваа бројка да биде зголемена. Ако нема дополнителни позитивни, голема е веројатноста Комесарот да го закаже натреварот за вторник, 6 април.