Се очекува да биде интересно во новата сезона во НБА лигата каде први фаворити за пехарот на Истокот и Западот би требало да бидат Бруклин Нетс и Лос Анџелес Лејкерс.
Токму овие две екипи продолжуваат да го засилуваат составот, па така Бруклин успеа да го обезбеди потписот на Ламаркус Олдриџ. Олдриџ пред пет месеци одлучи да се повлече, замине во пензија откако имаше проблеми со срцето.
Меѓутоа сега тоа е надминато и кошаркарот доби зелено светло од лекарите да се врати на терените и тој одлучи да се врати и потпише едногодишен договор со Нетс, договор вреден 2,6 милиони долари. Претходно Бруклин го доведе Пол Милсап, а од трејдот со Детроит Окафор и Думбија.