понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ОИ: Американскиот дрим- тим им наплати на Французите и дојде до златниот медал

ОИ: Американскиот дрим- тим им наплати на Французите и дојде до златниот медал

Избраниците на Грег Попович стигнаа до очекуваното злато на Олимписките игри откако во финалниот натпревар славеа против Франција со резултат 87:82.

Кошаркарите на САД стигнаа до ново, вкупно 16. злато на Олимписките игри, додека за Французите ова ќе биде трето сребро по игрите одржани во Лондон во 1948 и Сиднеј во 2000 година.

Американците од 1992 година, кога им беше дозволено на НБА играчите да играат на Олимписките игри постојано се на врвот, освен во 2004 година кога златото замина на градите на аргентинските кошаркари, додека САД тогаш се закити само со бронза.

Што се однесува до самиот натпревар, во тимот на Грег Попович најефикасни беа Кевин Дурент со 29 поени и Џејсон Тејтум со 19 поени, додека кај Франција најмногу поени постигнаа Гобер и Фурние, по 16