Грчкиот шампион Олимпијакос ќе има огромна поддршка од трибините на „мајсторката“ од четвртфиналето на Евролигата, против Фенербахче.
Клубот од Пиреја ги пушти во продажба билетите за петтиот меч од серијата, а тие се продадени за само девет минути што е нов светски рекорд за кошаркарски натпревар. За 4.000 влезници биле испратени дури 85 илјади барања.
„Немаме зборови да ја искажеме нашата благодарност за вашата континуирана поддршка. Заедно да се бориме и вторпат во низа да се пласираме на Ф4 од Евролигата“, напиша Олимпијакос во официјалното соопштение на Твитер. Петтиот натпревар меѓу Олимпијакос и Фенербахче се игра во вторник од 20:30 часот, а победникот, во полуфиналето ќе игра со подобриот од серијата меѓу Макаби и Монако.