понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Олимпијакос го сруши Фенербахче, Барселона подобра од Макаби

Олимпијакос го сруши Фенербахче, Барселона подобра од Макаби

Вчера се одиграа шест натпревари во кошаркарската Евролига. Српските клубови имаа половичен успех, додека сигурни победи забележаа Барселона и Валенсија над Макаби, односно над Баерн. .

Олимпијакос со одличниот прв дел, го урна Фенербахче на негов терен.Најефикасен беше Гудуриќ со 24 поени кај Фенер, додека Папаниколау со 21 кај Олимпијакос.

Најнеизвесно беше на дуелот Милано – Басконија, дуел кој го доби Милано со 89-83. Двата тима се менуваа во водство, за на крајот поконцентрирани да бидат домашните и да дојдат до триумфот.

Барселона благодарение на одличната четврта четвртина, успеаја да го скршат отпорот на Макаби, и да го совладаат со 83-78. Псоелдниот период Барса до доби со 10 поени предност, што беше клучно за победата.

Партизан со убедливи 92-71 го совлада тимот на Лион. Белградските „црно-бели“ беа одлични во првите три четвртини кога направија разлика, а потоа последната ја загубија. Во еден миг Партизан имаше предност и од 29 разлика. Пантер со 17 поени беше најефикасен.

Валенсија успеа да го совлада тимот на Баерн со 82-73, а Црвена Звезда е поразена на гостувањето кај Болоња.