петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Панатинаикос го договори полскиот репрезентативец

Панатинаикос го договори полскиот репрезентативец

Полскиот кошаркар Матеуш Понитка, кариерата ќе ја продолжи во грчки Панатинаикос. По одличниот настап на Евробаскетот, неговото име се поврзуваше со неколку европски гиганти, но на крајот реши кариерата да ја продолжи во Грција.

Понитка беше најдобриот кошаркар на Полска на неодамна завршениот Евробаскет каде имаше просек од 13,4 поени, 5,7 асистенции и 5,3 скока по натпревар.

Полјаците беа најпријатното изненадување на шампионатот, откако во четвртфиналето ја совладаа Словенија, а Евробаскетот го завршија на четвртото место