четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Панатинаикос го потпиша и најдобриот кошаркар на Хувентуд

Панатинаикос го потпиша и најдобриот кошаркар на Хувентуд

Американскиот кошаркар Кајл Гај е најново засилување на Панатинаикос објави грчкиот клуб преку својата официјална страница и профилите на социјалните медиуми.

Гај минатата сезона ја мина во Хувентуд, додека со новиот клуб потпиша тригодишен договор. Пред него во Панатинаикос пристигнаа Матијас Лесор, Лука Вилдоса, Јоанис Папапетроу, Никос Адетокумбо, Јеријан Грант, Константинос Митоглу, Димитрис Мораитис и Костас Слукас.

Младиот Американец досега во кариерата настапуваше за Сакраменто, Кливленд, Мајами и Хувентуд.