Капитенот на Панатинаикос, Јанис Папапетру кариерата ќе ја продолжи во Партизан од Белград. Панатинаикос на социјалните мрежи потврди дека Папапетру по четири сезони го напушти клубот.
Српските медиуми пишуваат дека Папапетру со Партизан ќе потпише двегодишен договор „тежок“ 1.700.000 евра (850.000 евра по сезона).
Крилниот играч, во 2018 година од редовите на Олимпикајос се пресели во Панатинаикос. Со „зелените“ три пати беше шампион на Грција, два пати го освои националниот Куп.
Минатата сезона во Евролигата, Папапетру имаше просек од 12,2 поени, 4,2 скока и 2,4 асистенции.
Гркот е четвртото засилување за Партизан, во пресрет на новата сезона, во која клубот по пауза од 10 години повторно ќе игра во Евролигата.