вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Парите не се проблем: Јокиќ плати 800.000 долари за „Ролс Ројс“ по негова мерка

Парите не се проблем: Јокиќ плати 800.000 долари за „Ролс Ројс“ по негова мерка

Никола Јокиќ ужива во моментите на слава, а српскиот центар не жали пари за да си ги исполни желбите кога станува збор за ексклузивни автомобили.

Тој веднаш по освоената титула се пофали со „Брабус“ направен по мерка, но овој автомобил не е врвот на богатата колекција на асот на Денвер нагетс.

Најголемата гордост на Јокиќ е „Ролс Ројс Фантон II”, автомобилот кој е направен по негова мерка и за чие производство српскиот кошаркар плати дури 800.000 долари.

Овој луксузен автомобил има 563 коњски и речиси нечуен V-12 мотор, а брзина од 100 километри развива за 5,1 секунда.