Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Патрик Беверли доби суспензија од три натпревари поради физичкиот напад над кошаркарот на Феникс, Деандре Ејтон, објави раководството на НБА лигата која потегот го оцени како „непосртско однесување“.
Инцидентот се случи во последната четвртина од дуелот помеѓу Лејкерс и Санс кога Ејтон му приде на Остин Риверс, а Беверли насилно реагираше и го испрати Ејтон на паркетот.
За тоа доби искучување од мечот, а сега и дополнителна казна.