недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Пелистер и ТФТ заминуваат за Сараево

Пелистер и ТФТ заминуваат за Сараево

Вториот турнир од АБА 2 лигата оваа сезона ќе се одржи во босанската престолнина во периодот од 21 до 27 ноември.

За разлика од првиот, кој се играше на Златибор минатиот месец, сега на програмата ќе бидат три кола, па затоа и ќе трае два дена повеќе. Тоа значи понапорна и подолга програма за македонските преѕтставници ТФТ и Пелистер.

Натпреварите ќе се играат во салата „Горан Ченгиќ“ во населбата Грбавица во Сараево. ТФТ игра на 21 ноември против бранителот на титулата Златибор, на 23 ноември против Крка и на 25 ноември против Слога Краљево. Вицешампионот Пелистер почнува со Широки на 23 ноември, два дена подоцна се среќава со Осијек, а затвора на 27 ноември со Горица.

По првите две кола, Пелистер е на делба на првата позиција со максимален ефект, додека ТФТ се уште ја чека првата победа во регионалното натпреварување, во својата историја.