вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Пелистер ќе го предизвика МЗТ во финалето на кошаркарскиот плејоф

Пелистер ќе го предизвика МЗТ во финалето на кошаркарскиот плејоф

Кошаркарскиот клуб Пелистер втора година по ред избори финале во македонскиот кошаркарски плејоф и повторно ќе се обиде да стигне до трофејот во серија против МЗТ Скопје.

Битолскиот тим славеше на гостувањето кај ТФТ (82:84) и триумфираше во полуфиналната серија со 2:0, закажувајќи нова шампионска пресметка со актуелниот првак.

Пелистер добро го започна мечот, првиот период го заврши со плус седум, а на полувреме замина со предност од пет поени.ТФТ се врати комплетно во натпреварот во продолжението, па двата тима влегоа во драматична завршница, во која сепак подобро се снајдоа гостите.

Карпентер со 20 и Маслинко со 23 поени го предводеа Пелистер до значајна победа, додека во редовите на ТФТ, Мекбраер се истакна со 17 поени.