среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Пелистер поведе со 1-0 против Феникс 2010

Пелистер поведе со 1-0 против Феникс 2010

Пелистер поведе со 1-0 во четвртфиналната серија против Феникс 2010 откако во првиот натпревар во Битола славеше со 90-86.

Битолчани имаа предност во поголемиот дел од натпреварот, во еден момент истата изнесуваше и 12 поени, но откако гостите се вратија на „еден напад“ пресудна беше мираната рака на Карутерс и Стајиќ зад линијата 6,75 од каде реализираа три обиди при самиот крај на нападот.

Со 22 поени и 6 скока лидер на Пелистер беше Стајиќ, додека него го следеше Карутерс со 17 поени и 6 асистенции. Со 28 поени и 6 асистенции Феникс 2010 го предводеше Митревски, а 15 поени и 6 скока додаде Димчевски.