вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Пелистер се израдува на трет триумф во АБА2

Пелистер се израдува на трет триумф во АБА2

Кошаркарите на Пелистер убедливо го совладаа Осијек со 97-78 во рамки на последниот турнир од регуларниот дел од сезоната во АБА2-лигата.

Битолчани не го почнаа натпреварот како што очекуваа и по првите 10 минути имаа негатива од пет поени. До полувремето нашиот претставник направи целосен пресврт и на пауза замина со водство од 45-42. Третиот период беше клучен, а тогаш Пелистер го збриша хрватскиот состав и направи огромна предност, која само ја одржуваше до самиот крај за конечни 97-78.

Немања Малешевиќ и Игор Кесар со по 16 поени беа најдобри во таборот на македонскиот претставник, додека кај Осијек најмногу се истакна Џорџе Тополовиќ со 23 поени.

Пелистер сега има скор од три победи и осум порази, додека Осијек останува со „фенерот“ со само една победа од 11 средби.

Вториот македонски претставник во АБА2, МЗТ Скопје утре го игра својот прв натпревар и тоа против домаќинот на турнирот Широки Бријег.