Кошаркарите на Пелистер остварија убедлива победа над Спарс Илиџа (99-71) во мечот од осмото коло од АБА2 лигата.
Босанскиот претставник ја доби првата четвртина со 28-23, но потоа се изгуби или поточно македонскиот прволигаш одигра фантастично како во одбраната така и во нападот за конечни на крајот плус 28.
Пет играчи кај нашиот вицешампион беа двоцифрени, најефикасен беше Карпентер со 23 кошеви, Караџовски пак имаше еден помалку. Мајсторовиќ и Хауард за поразените искомбинираа 30 поени.
Во наредната рунда избраниците на Илиевски ќе се соочат со Сутјеска.