среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Пелистер со убедлив пораз од Хелиос на Златибор

Пелистер со убедлив пораз од Хелиос на Златибор

Кошаркарскиот вицепрвак Пелистер со два порази го заокружи учеството на Златибор во „балонот“ од АБА 2 лигата. Избраниците на Марјан Илиевски вечерва беа поразени од Хелиос со 88:70 во рамките на седмото коло од регионалното натпреварување.

Кошаркарите на Хелиос првата четвртина ја завршија со предност од четири поени (27:23), а на полувреме имаа двоцифрена разлика, 49:39.На крајот, поразот на Пелистер беше убедлив.

Карутерс со 20 и Хаџифезовиќ со 17 поени беа најефикасни во таборот на Пелистер на овој меч.