среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Пелистер со убедлива полуфинална победа над ТФТ

Пелистер со убедлива полуфинална победа над ТФТ

Кошаркаркарскиот кллуб Пелистер испорача „стотка“ и победи со 100:80 на домашен терен во „Боро Чурлевски“, триумф кој беше најавен уште во воведот од мечот кога на семафорот стоеше 12:0, а потоа 19:2.

Составот од Скопје успеа да се разбуди на стартот на вториот дел и во еден момент успеа да стигне и до прифатливи 66:60, но потоа следеше нова серија на Пелистер, со која резултатот пред крајот на последните 10 минути гласеше 83:68.

Во последната четвртина, Пелистер рутински ја доработи задачата и поведе со 1:0, па сега е чекор поблиску до големото финале во најсилната кошаркарска лига во Македонија.

Сеад Хаџифејзовиќ со 32 поени и 12 скока беше убедливо најдобар играч на паркетот и најзаслужен за победата на Пелистер, додека на спротивната страна се истакна Александар Костоски со 19 поени.