Кошаркарите на Пелистер дојдоа до победа од 81-78 на гостувањето кај Куманово во рамки на 5.коло во Првата лига.
Двата тима постојано најизменично се менуваа во водството. На полувремето битолчани водеа со 34-36 и тоа откако има серија од 0-6.
Резултатската нишалка продолжи и во вториот дел па водството одеше кај едниот па кај другиот тим. Сепак во самиот финиш, битолчани покажаа повеќе и искуство и квалитет па го добија натпреварот со 78-81.
Тоа беше четврти триумф во низа за тимот на Марјан Илиевски, кој единствениот сезонски пораз го доживеа во првото коло од Гостивар.
Сеад Хаџифејзовиќ беше најдобар кај гостите со 20 поени, додека Марјан Јанески имаше фантастичен дабл-дабл кај кумановци со 26 поени и 10 скока.