среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Пешиќ: На чекор сме до целта

Пешиќ: На чекор сме до целта

Селекторот на српската репрезентација, Светислав Пешиќ, имаше само пофални зборови за своите момчиња по големиот успех и пласманот во финалето на Светското првенство во кошарка.

„Денес можевме да бидеме малку подобри во дефанзивата. Игравме одлично „еден на еден“, но мислам дека можевме да бидеме за нијанса посконцентрирани. Имавме голема мотивација, знаевме колку е голем влогот и успеавме да славиме победа над исклучително снажна и физички силна репрезентација како Канада. Им реков на момчињата дека мора да се одморат максимално. Утре ќе тренираме и ќе се обидеме да собереме сила за големото финале. На еден чекор сме од целта и мислам дека можеме да ја оствариме.

Мислам дека и досега се прикажавме одлично, но штом сме веќе во финалето, ќе се обидеме да победиме. Не знам кога ќе имаме слична шанса повторно. Сите честитки одат за играчите, стручниот штаб, медицинскиот тим и сите останати кои се дел од нашата експедиција. Ова е за цела Србија, денес можеме малку да славиме“, изјави Пешиќ.