недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Пешиќ изјави под кој услов Јокиќ ќе прифати повик во репрезентацијата на Србија

Пешиќ изјави под кој услов Јокиќ ќе прифати повик во репрезентацијата на Србија

Никола Јокиќ ја заврши сезоната со пораз во првото коло од НБА плеј-офот. Српските фанови посакуваат тој да заигра во реперзентативниот дрес, а селекторот Светислав Пешиќ откри под кој услов ќе се случи тоа.

„Никола Јокиќ ќе игра за репрезентацијата само под еден услов, а тоа е да стане подобар играч преку настапите за Србија. Не е прашање дали ја сака својата земја. Тоа е несомнено. Тој е горд Србин кој ми пишува пораки на кирилица. Сепак, мора да најдеме начин да го мотивираме да се натпреварува со најдобрите играчи во Европа. Ако не е мотивиран, ако нема интерес, тогаш нема смисла да игра“, порача српскиот предводник.

Србија во септември ја чека Европско првенство, на кое засега не се знае дали ќе настапи Јокиќ.