вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Пети Милс потпиша со Бруклин Нетс

Пети Милс потпиша со Бруклин Нетс

Aвстралискиот кошаркар Пети Милс потпиша едногодишен договор со Бруклин Нетс. Тој по девет години го напушта Сан Антоно од кој беше дел од 2012 година. Претходно од 2009 до 2011 година го носеше дресот на Портланд Треилблејзерс.

Пети Милс во новата сезона треба да биде дел од тимот на Бруклин.

Милс е шампион со Сан Антонио од 2014 година, а пред неколку дена на Австралија и го донесе бронзениот медал на Летните олимписки игри.