вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Петровиќ: Ако ни се укаже можност, ќе сториме сè да го изненадиме силниот домаќин

Петровиќ: Ако ни се укаже можност, ќе сториме сè да го изненадиме силниот домаќин

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром гостуваат кај Игокеа во рамките на АБА лигата. По домашната победа над Мега Лекс македонскиот кошаркарски шампион оди во Лакташи за нов предизвик на Јадранот. Во пресрет на натпреварот своите очекувања ги изнесе тренерот Александар Петровиќ.

„Пред сè, очекувам добар натпревар бидејќи Игокеа е една од екипите кои играат најубава кошарка во АБА лигата. Најопасна им е надворешната линија, на која ќе посветиме внимание при подготовката за дуелот. Ако успеееме да ги сопреме нивните бекови и ја исконтролираме играта два на два, тогаш ќе може да се надеваме на добар резултат. Во Лакташии сигурно нема да одиме да се предадеме однапред, туку одиме да се бориме до крајот. Ако ни се укаже можност, ќе сториме сè да го изненадиме силниот домаќин“, изјави Петровиќ.