Кошаркарите на Гостивар остварија триумф над актуелниот шампион МЗТ Скопје од 65:51 во заостанатиот натпревар од седмото коло во првата машка кошаркарска лига.
Ова воедно значеше и победнички старт на Александар Јончевски на клупата на Гостивар. Видно мотивираните домашни кошаркари одиграа одличен натпревар и победата ја обезбедија во втората и третата четртина кога на „металците“ им дозволија да постигнат само 15 поени, шест во втората и девет во третата, додека тие постигнаа 35 поени и во последниот период вледоа со предност од дури 22 поени (54:32).
Џохан Вокер со 17 поени беше предводник на Гостивар каде се истакна и Ивица Димчевски со 11 поени, додека во редовите на МЗТ Скопје најраспложен за игра беше Бојан Крстевски со 13 поени.