Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Американецот Бил Расел, почина на 88 – годишна возраст, објави неговото семејство на социјалните мрежи/
– Бил Расел, најплодоноснииот победник во историјата на американскиот спорт, почина во мир во 88-та година од животот, покрај својата сопруга Џени објави синоќа семејството на еден од најголемите светски кошаркари.
Расел со Бостон освои 11 титули, од кои две како играч – тренер (1968, 12969), а се запиша во историјата и како прв црномурен тренер во НБА лигата.
Пет пати беше избиран за најкорисен играч на Лигата, а 12 пати беше учесник на Ол-стар натпреварите.
Во кариерата Расел се закити и со златен олимписки медал во 1956 година.