сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Почнува новата сезона во кошаркарската Евролига

Почнува новата сезона во кошаркарската Евролига

Новата сезона во кошаркарската Евролига почнува денеска во која 18 екипи ќе се борат за место на завршниот турнир во Берлин.

Сезоната од 19 часот во белградската Арена ќе ја отворат кошаркарите на Црвена ѕвезда и Асвел, а вечерва на програмата се и дуелите меѓу Макаби – Партизан, Барселона – Ефес, Баерн – Алба и Виртус Болоња – Жалгирис.

Евролигата од оваа сезона првпат воведе плејин турнир по примерот во НБА лигата.

Регуларниот дел од сезоната ќе трае до 12 април. Плејин турнирот ќе се игра од 16 до 19 април, а плејофот ќе почне на 23 април и ќе заврши најдоцна до 8 мај.

Финалниот турнир е на програмата од 23 до 26 мај идната година во Берлин.