недела, 14. април 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Подобро од очекуваното: Кузмиќ објави како изгледа по ужасната несреќа (ФОТО)

Подобро од очекуваното: Кузмиќ објави како изгледа по ужасната несреќа (ФОТО)

Поранешниот кошаркар на Реал Мадрид, Црвена звезда и српски репрезентативец, Огњен Кузмиќ, ја објави првата фотографија по тешката сообраќајна несреќа во која беше тешко повреден и извесен период во кома, на која изгледа далеку подобро од што многумина би очекувале.

На високиот центар му биле направени сериозни операции на двете вилици и на градниот кош по што почнал самостојно да дише, а опоравувањето оди во одличен правец. Тој е под 24-часовен лекарски надѕор, а веќе почнал да прима и посетители, пред сѐ сопругата, синот и родителите. При една ваква посета бил и фотографиран и тоа во сосема добро расположение со оглед на ситуацијата во која се најде.

Кузмиќ почнувал и да станува и да шета низ болницата, што на лекарите им дава надеж дека наскоро би можел и да си замине дома. Пред него е тежок период на рехабилитација, а дури по негово завршување воопшто ќе може да се разговара за продолжување на кошаркарската кариера.

ИЗВОР: СПОРТ1