четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Поцеко: Мечот против Србија ми скрати шест години од животот

Поцеко: Мечот против Србија ми скрати шест години од животот

Селекторот на кошаткаската репрезентација на Италија, Џанмарко Поцеко, направи шоу на прес-конференцијата по триумфот на Србија.

„Дојдов на Филипините, по што зборував за Мани Пакјао (легендарен филипински боксер-н.з.) и неколку пати реков дека сакам да го запознаам. Не очекував навистина да ме покани дома на вечера. Бидете горди на него зашто е одлична личност, вистинска легенда. Игравме шах и јас загубив, а договоривме реванш во рингот. Но, вечерва изгубив шест години од мојот живот, па нема да можам повеќе да се борам“, изјави Поцеко на почетокот.