четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Познати четврфиналните парови во Евролигата

Познати четврфиналните парови во Евролигата

Со одигрувањето на последното 34. коло познати се сите осум екипи кои ќе разигруваат за место на завршниот турнир на Евролигата, кој на крајот на мај ќе се одржи во Каунас, Литванија.

Олимпијакос е најуспешната екипа во регуларниот дел на сезоната, а Шпанија како земја е единствената која има два претставници.

По подолго време во елиминационата фаза се враќаат два поранешни европски прваци, Макаби Тел Авив и Партизан.

Евролига
Четвртфинале: 

Олимпијакос – Фенербахче
Монако – Макаби
Барселона – Жалгирис
Реал Мадрид – Партизан

Серијата се игра на три добиени натпревари, а ако победат во четвртфиналето, двата шпански тима ќе играат меѓусебе во полуфиналето на „фајнал-фор“, исто како и минатата година. Четвртфиналните серии ќе се играат во периодот од 25 април најдоцна до 10 мај.