петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Познати пет учесници на олимпискиот кошаркарски турнир во Париз

Познати пет учесници на олимпискиот кошаркарски турнир во Париз

Со конечниот пласман искористен за одредување на квалификациите за Олимписките игри во Париз 2024 и Олимписките квалификациски турнири, вкупно пет репрезентации се пласираа на директните места на Олимписките игри како најдобро рангирани тимови од нивните континенти.

Канада и Соединетите Американски Држаив ги добија двата директни билети за Олимпијадата резервирани за Америка поради пласманот во четвртфиналето, а другите три нации во трката – Бразил, Доминиканската Република и Порторико, беа елиминирани во второто коло.

Претходно, Австралија стана првата селекција која обезбеди пласман на Олимпијадата како единствена селекција од Океанија која се пласираше од втората рунда.

Во меѓувреме, Јужен Судан и кодомаќинот на Светското првенство Јапонија се квалификуваа како најдобри селекции во нивните региони на Африка и Азија во класификациските мечеви за пласман од 17. до 32. позиција на шампионатот. Франција, како домаќин на Олимписките игри, автоматски се квалификува.

Судбината на двата преостанати директни билети за Париз 2024 за европските тимови ќе биде решена во финалната фаза, при што на сите осум учесници во четвртфиналето ќе им биде гарантирано, минимум, место на Олимписките квалификациски турнири на ФИБА.