сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Познатиот кошаркарски судија Луиџи Ламоника се пензионира

Познатиот кошаркарски судија Луиџи Ламоника се пензионира

Еден од најдолговечните, но и најконтроверзи европски судии Луиџи Ламоника потврди дека ја завршува кариерата.Во пензија заминува по 26 години судење во меѓународните натпреварувања, како во организација на ФИБА, така и на УЛЕБ и Евролига.

„Го ‘одиграв’ последниот натпревар, ова беше фантастично возење. Сакам да останам во кошарката, но на друга позиција“, изјави Ламоника за порталот Eurohoops.

Со оглед на тоа што има 56 години, Италијанецот не ни имаше друг избор бидејќи според правилата, тоа е горна граница за судиите. Во италијанското првенство не суди од 2016 година кога наврши 50-годишна возраст.

Последен натпревар на Ламоника беше вчерашното финале од Евролигата меѓу Анадолу Ефес и Реал.