среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Познато е кога се враќаат Џејмс и Дејвис

Познато е кога се враќаат Џејмс и Дејвис

Шампионите во НБА лигата Лос Анџелес Лејкерс полека ќе се комплетираат откако ќе се вратат после повреда Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Двете големи ѕвезди на тимот на Френк Вогел подолго време се надвор од конкуренција. Крилниот центар лекува повреда на Ахиловата тетива, а „кралот“ Џејмс го повреди скочниот зглоб на дуелот со Атланта.

Информациите кои доаѓаат од САД велат дека Леброн Џејмс и  Ентони Дејвис ќе се вратат во ростерот по источната турнеја од пет натпревари. Дуото на бранителот на титулата ќе се врати на паркетот за дербито против Бостон во „Стејплс Центар“.