Кошаркарите на Работнички немаа милост против Струмица и триумфираа со 99-66 во СРЦ „Кале“, додека победа оствари и ТФТ во дуелот против Академија ФМП со 86-75 во 18. коло од македонското првенство.
Најдобар во победничкиот тим беше Ѓорѓе Џелетовиќ со 21 поен, додека Димитриев кај Струмица беше најефикасен со 14 поени.
ТФТ ја искористи кризата во редовите на Академија ФМП и го скрши отпорот на противникот во последните четири минути од натпреварот.
Александар Костоски со 21 поен беше најдобар во победничкиот тим, додека Смит Меквен постигна 27 поени за Академија ФМП. Во последниот натпревар вечерва, Феникс славеше со 83-79 против Кожув.