сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Работнички со 51 разлика ја совлада Струмица

Екипата на Работнички оствари очекувана и убедлива победа со 51 разлика против Струмица во воведниот натпревар од  11. коло во Првата кошаркарска лига. 
Работнички со 51 разлика ја совлада Струмица

Работнички ја оправда фаворитската улога и до единаесетиот триумф во исто толку одиграни натпревари стигна со убедливата победата над Струмица со 108-57.

Најефикасен во оваа победа на тимот од „Градски парк“ беше Кире Николовски со 26, додека Костов и Гинијард средбата ја заврши со по 15 постигнати поени.

Утре на програмата се три средби, Гостивар – Куманово, АВ Охрид – Карпош Соколи и Блокотехна – Фени Индустри, додека Шкупи и Кожув ќе играат во недела.

Колото ќе биде комплетирано со средбата Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром чиј термин дополнително ќе биде одреден, а е одложен поради настапот на шампионот во АБА лигата.

Табела: Работнички 22 бодови, Блокотехна 18, Гостивар 17, Куманово 16, Фени Индустри 16, МЗТ Скопје 15, Карпош Соколи 15, АВ Охрид 13, Шкупи 12, Пелистер 12, Кожув 12 и Струмица 11.