сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Рајковиќ: Не плачам, туку барам начин да ги победиме УНИКС Казан и Зенит

Рајковиќ: Не плачам, туку барам начин да ги победиме УНИКС Казан и Зенит

ЦСКА Москва го изгуби двајцата главни играчи од минатата сезона бекот Алексеј Швед и центарот Никола Милутинов, а не најде достојни замени за нив, главно поради намалениот буџет. Затоа играта ќе мора да ја гради повеќе на дефанзивна стратегија и одбрана.

Минатата сезона ЦСКА Москва беше главен фаворит за титулата, но, не успеа да ја освои, а со неа се закити УНИКС Казан, тимот во кој игра Ненад Димитријевиќ, додека втор беше Локомотив Кубан. Армејците мораа да се задоволат само со третото место иако регуларниот дел го завршија на врвот.

– Влијанието на намалениот буџет е тешко да се игнорира. Сакавме, но не можевме да земеме одредени кошаркари, кои ги купија Зенит и УНИКС. Голем проблем. Но, јас не плачам, туку барам начини да ги победам овие тимови оваа сезона. Звучи тешко, но ако работиме напорно, ќе ја постигнеме нашата цел – вели Рајковиќ кому ова ќе му биде втора сезона на клупата на легендарниот клуб.