Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ со ЦСКА Москва стигна до 24. победа во ВТБ лигата. „Армејците“ триумфираа на гости кај Нижни Новгород со 70:89 и ја продолжија неверојатната серија.
Домашниот тим имаше сила да му парира на тимот на Рајковиќ три четвртини, но потоа ЦСКА Москва го доби последниот период со 15 поени разлика и го реши мечот во своја корист.
Уникс Казан на Ненад Димитријевиќ беше декласиран на домашен терен од Локомотив Кубан со 70:103.