понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Рајковиќ: Голема чест и одговорност е да ја водам ЦСКА

Рајковиќ: Голема чест и одговорност е да ја водам ЦСКА

Македонскиот стручњак Емил Рајковиќ од денеска е нов тренер на осумкратниот европски шампион ЦСКА, позиција на која доаѓа на местото на Димитрис Итудис кој си замина по осум години на функцијата. Московскиот клуб веќе го претстави нашиот тренер пред кого е голема и одговорна задача во новата сезона.

„За мене претставува огромна чест, а во исто време и одговорност да бидам тренер на таков славен клуб како ЦСКА, особено во пресрет на 100-годишнината од неговото постоење. Горд сум на поканата, ја ценам довербата на менаџментот на ЦСКА. Заедно ќе работиме со голема посветеност и ќе се трудиме екипата да игра модерна и спектакуларна кошарка, интересна за нашите фанови. Во исто време ќе се фокусираме на победа на секој натпревар и на развојот на кошаркарите“, изјави Рајковиќ за клупската интернет страница.

ЦСКА ќе го прослави 100. роденден на 23 април 2023 година. Со оглед на тоа што екипата нема да игра во Евролигата претстојната сезона, главна цел на Рајковиќ ќе биде да ја врати доминацијата во ВТБ лигата.