сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Рајковиќ и ЦСКА пред нов рекорд во ВТБ-лигата

Рајковиќ и ЦСКА пред нов рекорд во ВТБ-лигата

Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ и ЦСКА Москва продолжуваат во ист ритам во ВТБ-лигата. Рајковиќ и неговиот тим го запишаа 16. триумф оваа сезона, откако на домашен терен ја совладаа Самара со убедливи 95-82.

Откако Рајковиќ претходно го урна клупскиот рекорд, сега со ЦСКА Москва го делат само две победи до рекордот во ВТБ-лигата, кој изнесува 18 победи во низа.

ЦСКА е лидер во овој шампионат, има две победи повеќе од Уникс Казан на Ненад Димитријевиќ, кој двата порази ги запиша токму од тимот од Москва.