четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Рекорд во НБА: Дуелот Сан Антонио и Голден Стејт го гледале 68.323 гледачи

Рекорд во НБА: Дуелот Сан Антонио и Голден Стејт го гледале 68.323 гледачи

Мечот помеѓу Сан Антонио Спарс и Голден Стејт го гледало дури 68.323 гледачи на трибините. Истиот не се одигра во сала, туку на стадионот „Аламодом“, што претставува нов рекорд во НБА лигата. Специјалниот повод за ваквата посета е 50 годишнината од „Аламодом“, терен на кој Спарси играа од 1993 до 2002 година.

Иако Сан Антонио игра сезона за заборав, сепак, вчера се случи историја. Претходниот најгледан меч пред овој синоќешниот, беше во 1998 година помеѓу Чикаго и Атланта кога на трибините имаше 62.046 гледачи.