сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА: Голден Стејт со победа ја почна одбраната на титулата

НБА: Голден Стејт со победа ја почна одбраната на титулата

Кошаркарите на Голден Стејт ја почнаа одбраната на титулата во НБА лигата со победа над Лос Анџелес лејкерс, а победнички старт во новата сезона имаше и Бостон со триумфот над Филаделфија.

Голден Стејт на отворањето на 77. НБА сезона го совлада ЛА Лејкерс со 123-109, предводен од Стеф Кари, кој постигна 33 поени.

Во гостинскиот тим најефикасен беше Леброн Џејмс со 31 поени.

Бостон на домашен терен беше поуспешен од Филаделфија со 126-117, а најголем придонес во победата имаа Џејсон Тејтум и Џејлен Браун со по 35 поени.