петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Рондо: Дисциплината е она што го разликува Леброн од другите играчи

Рондо: Дисциплината е она што го разликува Леброн од другите играчи

Плејмејкерот на Лос Анџелес лејкерс, Раџон Рондо откри што го прави посебен неговиот соиграч Леброн Џејмс.

-Дисциплината е она што го разликува Леброн Џејмс од другите играчи. Секојдневна работа, рутина и огромно внимание што тој го посветува на своето тело. Тој го има најдобриот фитнес тренер.
Леброн совршено се подготви психички и физички. Никој не работи како што работи тој. А, неговиот коефициент на интелигенција е на сосема друго ниво, истакна Рондо во емисијата „First Take“.

Лејкерс предводени од Џејмс пред два дена станаа шампиони во НБА лигата по пауза од ед а деценија.