вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Рондо не сака да го обнови договорот со Лејкерс

Рондо не сака да го обнови договорот со Лејкерс

Плејмејкерот Раџон Рондо сака да стане слободен играч. Според „Basketball News“ 34-годишниот Американец ќе ја одбие опцијата за продолжување на договорот со „езерџиите“.

Кошаркарот очекува да добие подобра зделка. Според сегашниот договор, тој ќе заработуваше 2,96 милиони американски долари ако му беше продолжен работниот однос со Лејкерс.

Во сезоната 2019/20, Рондо настапи на 48 натпревари, постигнувајќи просечно 7,1 поен по натпревар. (МИА)