вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Руските кошаркарски тимови можат да бидат домаќини во Белград во Евролигата

Руските кошаркарски тимови можат да бидат домаќини во Белград во Евролигата

Конфликтот помежу Русија и Украина носи и големи промени во светот на спортот. Најмногу на удар се екипите од Русија, кои поради санкциите нема да бидат во можност домашните натпревари да ги играат на домашен терен. Многу европски екипи веќе соопштија дека немаат намера да патуваат во Русија, а како што пренесуваат српските медиуми во целата приказна се вклучи Белград, кој е подготвен да организира шест домашни натпревари на руските тимови: ЦСКА, Уникс и Зенит.

Овие наводи ги потврди и заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ.

„Точно е дека Евролигата неофицијално стапила во контакт со град Белград со прашањето дали можеме да бидеме домаќини на шест натпревари кои руските клубови Зенит, ЦСКА и Уникс треба да ги одиграат во периодот од 1 до 17 март“, за српски „Новости“ потврди Весиќ.

Тој наведува дека во име на град Белград, по консултации со претседателот Вучиќ, тој дал согласност споменатите натпревари да се играат во престолнината на Србија.

„Ја гарантираме безбедноста на сите спортисти, без разлика дали се од Русија, Украина или која било друга земја. Кај нас сите се добредојдени и безбедни. Така што ние сме подготвени да бидеме домаќини и на овие и на други натпревари кои евентуално би биле откажани доколку одлучи Евролигата. Белград е сигурен партнер на Евролигата и град на спортот и пред сè на кошарката“, додаде Весиќ.

Токму поради воениот конфликт во Украина веќе се одложени сите натпревари на руските екипи во Евролигата.