Саша Обрадовиќ не се прослави на кормилото на Црвена Звезда, каде што остана четири месеци по што доби отказ поради лошите резултати.
Обрадовиќ, и покрај отказот, доби пари за претходно потпишаниот двегодишен договор, па заработи 645.000 евра и тоа е неверојатна сума за четири месеци.
„Не ми е јасно како може една легенда на Ц. Звезда да наплати 645.000 евра за работа од четири месеци. Тука завршува приказната за љубовта“, вели првиот човек на црвено-белите, Небојша Човиќ.
Обрадовиќ како кошаркар го носеше дресот на Ц. Звезда дури седум години, а во 2020 година стана и нивни тренер.