Тренеот на Барселона, Шарунас Јасикевичиус изјави што му недостигало на неговиот тим против Реал Мадрид. Каталонците беа поразени од „кралскиот клуб“ со 78-66 во полуфиналето на Евролигата, а веќе на големо се зборува за смена на младиот тренер, кој со Барса беше европски првак како кошаркар.
„Не игравме тимски, бевме крајно нервозни. Во вакви моменти тренерот презема одговорност. Требаше да донесеме различни одлуки, како што кажав, одговорноста е моја“, изјави литванскиот стручњак.
Во каталонските медиуми веќе се пишува за враќање на Хавиер Пасквал на крајот на сезоната, иако Шарас има уште една година од договорот.
Барселона в недела ќе се сретне со Монако за третото место, додека Реал и Олимпијакос подоцна истиот ден ќе се борат за трофејот европски шампион.