Репрезентацијата на Шпанија по четврти пат се искачи на европскиот кошаркарски трон. Избраниците на селекторот Серџо Скариоло вечерва во финалето на Евробаскет 2022 ја совладаа Франција со 88:76.
Хуан Хернангомез со 27 поени беше најефикасен во победничкиот состав, Еван Фурние со 23 се истакна во поразениот тим.
Шпанците клучната разлика ја направија во првото полувреме (+21), Французите се вратија до три негатива, но немаа сили за целосен пресврт.
Шпанија до трофејот на 41. Европксо првенство стигна со само еден пораз, од Белгија во групната фаза.
Во предигра на големото финале, Германија ја победи Полска со 82:69. (МИА)