Леброн Џејмс Џуниор, синот на истоимената кошаркарска легенда, ќе може да ја продолжи кошаркарската кариера и покрај тоа што на тренинг минатиот месец доживеа срцев удар, објави семејството после проценката на лекарите во три различни клиники во САД.
Брони од следната сезона ќе игра за универзитетот УСЦ на чиј тренинг на 24. јули остана без свест.
„Веројатна причина за изненадувачкиот срцев застој на Џејмс е идентифициран. Се работи за анатомски и функционално значајна срцева маана која може да се лекува. Имаме голема доверба во целосното опоравување на Брони и враќање на кошарката во иднина“, стои во соопштението на семејството Џејмс.
Брони после инцидентот е пуштен од болница, но ги прекина сите спортски активности, па така и подготовките на својот тим.