Во 17. коло на кошаркарската Евролига, Баерн Минхен на домашен терен беше поразен од Басконија со 76-81.
Поразот на германскиот тим е во сенка на потегот на Андре Тринкиери. Предводникот на домашниот состав се најде во центарот на вниманието, со бокс во стомак го удри Џејсон Џорџ, најмладиот кошаркар во Баерн, а потоа го турна кон клупата.
Trinchieri goes way too far in my opinion‼️
First punching George in his stomach and then pushing him in the back. #euroleague #bayern pic.twitter.com/PG6iQ4es69— Florian Kurth (@FloKurth) December 23, 2021