Кошаркарската репрезентација на Шпанија ќе биде првиот противник на селекцијата на Македонија во рамките од квалификациите за Светското првенство.
Селекторот Серхио Скариоло пред гостувањето во Скопје рече дека ќе им даде шанса на сите кошаркари во наредните неколку натпревари.
„Моментално фокусот единствено ни е насочен кон Македонија, а потоа ќе мислиме за остатокот од квалификациите. Се наоѓаме во фаза на промена на генерации. Ќе се обидам да искористам повеќе играчи, за да им дадам до знаење дека во секој момент би можеле да добијат шанса на било кој натпревар“, изјави италијанскиот стратег.