четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Славниот тренер преговара со НБА екипа

Славниот тренер преговара со НБА екипа

Предводникот на Виртус Болоња и селектор на Шпанија, Серџо Скариоло би можел да направи голем исчекор во кариерата.

Иако има 62 години, поради своето тренерско знаење Скариоло е „на цена“. Италијанските медиуми открија дека во претходниот период се случила средба меѓу Скариоло и Масаи Уџири, претседателот на Торонто Репторс.

Тие разгораварале околу потенцијална соработка од следната сезона, што за Италијанецот би значел кам-бек во клубот.

Скариоло во својата кариера ги водеше Реал Мадрид, Басконија, Болоња, Химки, Олимпија Милано, Виртус, Скаволини и Аурора.